Грковска – Грабенвартер: Квалитетот на уставните судии мора да се унапредува

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Во рамките на работната посета на Виена, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер.

Вицепремиерката Грковска ја нагласи важноста да се креираат системски решенија кои ќе гарантираат независност и професионалност во одлучувањето, независно за која институција станува збор. Тоа, додаде таа, е особено значајно за Уставниот суд, кој е чувар на уставниот поредок и на правата на граѓаните.

Претседателот Грабенвартер истакна дека е многу важно да се јакне уставната култура во една држава, која е предуслов за напредокот на системот.

Во таа насока, вицепремиерката Грковска информираше за активностите кои ги презема Кабинетот за политики за добро владеење кои се во насока на унапредување на антикорупциските политики, но и на јакнење на мерит системот, особено во правосудниот систем, каде се неопходни конкретни услови за избор на судии и обвинители на сите нивоа.

Претседателот на австрискиот Уставен суд, Грабенвартер, нагласи дека политиката и судството мора да бидат одвоени, што е пракса која е воспоставена во Австрија. Тоа, нагласи тој, обезбедува постојан пораст на квалитетот, а при тоа не се менуваат прописите. Тоа е добра европска практика кон која треба да се стремиме.

Двајцата соговорници разменија мислења за начинот на кој може да се зајакне позицијата и довербата во уставните судии, чија улога е многу важна во секое општество.

Слични содржини