Грковска: Две опомени за Груби за службените возила, испратен е допис до премиерот

од Nikola Popovski

Досега не сме добиле фактичка состојба со аргумент дека е тоа така. Вие знаете дека и досега, секогаш кога сме имале докази и аргименти дека е прекршен етичкиот кодекс, сме постапиле без разлика на кого станува збор, вели вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, откако во јавноста беше објавено дека дел од политичарите одеа да се потпишуваат за претседателските кандидати со службени возила.

Токму како предупредување, Грковска вели како Кабинет испратиле отворено писмо до јавноста и сите политички субјекти, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања.

-Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден слулај, видлива е промената дека се внимава, уште повеќе што во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација,  заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба да одлучи која е мерката што ќе ја изрече. Треба да се најде законско решение, кажа вицепремиерката.

Пред две недели, ВМРО-ДПМНЕ упати критики и побара реакција од надлежните откако, како што велат, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вршел партиски работи со службеното возило.

Слични содржини