140
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција ја коментираше битката за Бахмут. Тој рече дека градот би можел да падне во руски раце во наредните денови.
„Она што го гледаме е дека Русија инвестира повеќе војници, повеќе сили, а она што ѝ недостига на Русија во квалитет, тие се обидуваат да го надополнат во квантитет. Тие претрпеа големи загуби, но во исто време не можеме да исклучиме дека Бахмут би можел да падне во наредните денови“, рече тој.
„Тоа само нагласува дека не треба да ја потценуваме Русија. Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина“, заклучи Столтенберг.