Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски остварил средба со Војциех Тицињски, амбасадор на Полска во Македонија.
На средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата.
-Во однос на политичките случувања, претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Тицињски за големиот број на скандали и афери поврзани со владини функционери, нагласувајќи дека земјата тоне во криминал и корупција, додека граѓаните живеат се посиромашно.
Се случува ДУИЗАЦИЈА, корупцијата цвета како никогаш до сега, а Ковачевски е директно одговорен за сите скандали, и токму затоа државата е оценета негативно по сите параметри, а тоа го потврдуваат и сите меѓународни истражувања. Решението од ваквата ситуација е одржување на предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промена и нова иднина и надеж за сите граѓани, истакнал на средбата Мицкоски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Мицкоски го потврдил ставот на партијата, а тоа е дека Македонија мора да биде дел од големото европското семејство, но без дополнителни уцени и барања од бугарска страна, додаваат од најголемата опозициска партија.