Лога на средба со Тигањ – зборувале за состојбата во затворите, борбата против криминалот и корупцијата и скринингот

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со хрватската амбасадорка во земјава, Н.Е Нивес Тигањ на која беа разгледани можностите за проширување на соработката меѓу двете држави преку иницирање на заеднички напори за реализација на проекти преку кои ќе се пренесе знаењето и вештините за европските практики и вештини на Република Хрватска.

Зајакнувањето на билатералната соработка во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите на Поглавјето 23 „Правосудство и темелни права“ беа главните теми на кои разговараа Лога и Тигањ.

Министерот за правда рече дека Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конретните задолженија во правосудството за зачленување на нашата држава во Европската Унија.

-Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно ќе влијаат на преговарачкиот процес. За таа цел, Лога најави дека во наредните месеци ќе се организира заедничка работилница на која експертски тим од Хрватска ќе ни го пренесе своето знаење, искуство и вештини. Ќе се испрати и покана до хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица за официјална посета на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Амбасадорката на Хрватска, Тигањ му се заблагодарила на Лога за денешната средба, му посакала успешна работа на новата функција и изразила надеж дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.

Тигањ посочила дека Хрватска и Република Северна Македонија немаат отворени прашања а двете земји имаат реализирано голем број заеднички проекти.

Упатила покана до министерот за правда Кренар Лога да ја посети Хрватска и да присуствува на Конференција посветена на сајбер безбедноста.

Лога и Тигањ разговарале и за закондавната агенда, состојбата во затворите, борбата против организираниот криминал и корупција и скринингот.

Слични содржини