Папата Франциск: Подготвен сум да разговарам со Путин за да повикам на мир

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Папата Франциск во делови од интервјуто објавено денеска за швајцарската телевизија RSI, која емитува програма на италијански јазик, навел дека војната во Украина „е поттикната од империјални интереси, не само интересите на Руската империја, туку и на другите империи“.

Папата изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за да повика на мир, пренесува „Ројтерс“.

Тој исто така истакна дека ќе се повлече од челото на Католичката црква доколку се чувствува премногу уморен.

Слични содржини