Ердоган закажа парламентарни и претседателски избори еден месец пред предвиденото

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган закажа парламентарни и претседателски избори за 14 мај, еден месец пред предвиденото, објави денеска „Ројтерс“.

„Нашиот народ ќе излезе на гласање за да избере претседател и да свика ново собрание на 14 мај“, рече Ердоган по потпишувањето на изборниот декрет.

Според британската агенција, Ердоган го вклучил „часовникот“ за својот најголем тест на неговото 20-годишно владеење, каде ќе се одлучува не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува, каде ќе оди економијата и каква улога Анкара може да игра улога во ублажувањето на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Слични содржини