Париската полиција соопшти дека привела 11 лица на протест против пензиските реформи, додека маршеви и демонстрации се одржуваат ширум Франција, јавуваат тамошните медиуми.
Радио Франс Инфо објави дека неколку стотици илјади луѓе се собрале низ земјата и дека во текот на денот се најавени 230 демонстрации.
Инцидентите избувнале во Париз и Нант, додава радиото.
🔺DIRECT INFO🔻 PARIS : les forces de l'ordre repoussent violemment des antifas.#manif11mars #greve11mars pic.twitter.com/HIjHRHbDPb
— HORS-ZONE PRESS (@HZ_Press) March 11, 2023
Синдикатите, главни организатори на протестите по објавувањето на реформата во пензискиот систем, продолжуваат да бараат францускиот претседател Емануел Макрон „да се консултира со народот“ пред да ја усвои реформата.
Засега надлежните не реагираа на протестите.
Горниот дом на францускиот парламент, Сенатот, во кој мнозинството го сочинува десничарската опозиција, пред три дена го одобри зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, што е клучна одредба од најавената реформа која Макрон сака ја усвои за време на неговиот втор претседателски мандат.
Сенатот има рок до утре вечер да ја разгледа реформата, а властите се надеваат дека ќе го усвојат целиот текст.
🔺DIRECT INFO🔻PARIS : violentes interventions des forces de l'ordre sur des manifestants.#manif11mars #greve11mars pic.twitter.com/AUjcHIhjKt
— HORS-ZONE PRESS (@HZ_Press) March 11, 2023