22 мигранти загинаа во бродолом кај Мадагаскар

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

Во близина на брегот на Мадагаскар загинаа 22 мигранти загинаа од чамец кој бил зафатен во невреме на пат кон францускиот остров Мајот во Индискиот Океан, соопштија денеска поморските власти на Мадагаскар.

Несреќата се случила во саботата.

На бродот имало 47 лица, 23 од нив се спасени, а 22 тела се извлечени, соопштија поморските власти и додаваат дека потрагата по исчезнатите продолжува.

Во потрагата учествуваат припадници на морнарицата, жандармеријата, царината и локални рибари.

Слични содржини