Мислам дека оваа земја може да биде сигурна во поглед на нејзиниот идентитет, култура и јазик, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5.
Евроамбасадорот посочи дека ги разбира фрустрациите поради предолгото чекање, но нагласува дека ЕУ и Северна Македонија имаат заедничка корист од членството на земјата во Унијата.
-Во смисла на гаранции како што знаете во овој процес, во овој пристапен процес има многу делови, многу моменти во пристапниот процес кога има потреба одлуките да бидат носени едногласно. Важно е дека има одговорност од наша страна да се осигураме дека кога тие одлуки ќе дојдат, тие ќе бидат носени врз основа на реформите кои државата ги има за ЕУ, а не за други прашања. Тоа беше во смисла на тоа што претседателката Фон дер Лајен и претседателот Мишел го пренесоа кога го посетија Скопје, минатиот јули. Секако, тоа е многу важен елемент, рече Гир.
Според него најдобра гаранција да се оди напред е да се спроведат тие реформи, бидејќи, како што кажа, тоа е најбрз начин за влез во ЕУ.
-Потребни се големи напори предводени од Владата и вклучувајќи ги и другите институции и граѓанскиот сектор за да се протуркаат реформите, посочи Гир.
Во однос на уставните измени, Гир смета дека таа дебата треба да се води на одговорен начин сите засегнати страни.