Екстремната сиромаштија може да биде искоренета на глобално ниво до 2050 година

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Екстремната сиромаштија конечно би можела да биде искоренета до 2050 година благодарение на зголемениот економски раст во земјите со низок и среден приход, предвидува извештајот на Центарот за глобален развој (CGD), непрофитна организација со седиште во Вашингтон.

Иако пандемијата на Ковид-19 го забави напредокот во процесот на искоренување на екстремната сиромаштија и создаде дополнителни предизвици на патот, оваа штета може да има многу ограничено влијание врз понатамошниот глобален економски раст, се вели во извештајот на CGD, пишува лондонски „Гардијан“.

„Знаеме дека светот ќе изгледа поинаку во 2050 година и дека климатските промени ќе донесат уште поголема загриженост во иднина. Сепак, не можеме да дозволиме ова да влијае и да го засени фактот дека континуираниот економски раст не смее да остави никого во најочајна сиромаштија, што беше судбината на огромното мнозинство на човештвото во поголемиот дел од историјата“, рече Чарлс Кени, соработник во CGD и еден од авторите на извештајот.

Слични содржини