Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија.
Борбените авиони беа подигнати за да го пресретнат „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас кој летал меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не остварил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува BBC News.
Британските и германските воздушни сили во моментов вршат планирани заеднички патроли во регионот во рамките на НАТО.
RAF and German jets intercept Russian aircraft near Estonian airspace https://t.co/RxoenbSu40
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 15, 2023
Самото пресретнување на рускиот авион било рутинско, но претставува прва заедничка операција од ваков тип за споменатите земји.
Откако го „испратиле“ Мидас, двата авиона биле пренасочени за да го пресретнат авионот Ан-148, кој исто така минувал блиску до воздушниот простор на Естонија.
Инаку, инцидентот се случи во време на зголемени тензии меѓу НАТО и Русија поради руската инвазија на Украина, но нема докази дека инцидентот е поврзан со судирот на руски борбен авион и американски беспилотно летало над Црното Море кој се случи истиот ден.