Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Премиерот на Република Косово, Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија.

Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува косовската Радио-телевизија.

Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и Вучиќ, па потоа и заедничка средба со нив. Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на европскиот план за нормализирање на односите помеѓу двете земји.

Според најавите од делегацијата на ЕУ во Приштина се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци, предвидена е изјава на Борел за медиумите.

Домаќин на средбата во Охрид, која беше најавена на 27 февруари, ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини