Санкции за 55 автобуси кои вршат превоз на ученици, 21 возило на технички преглед

од Nikola Popovski
138 прегледи

МВР продолжува со акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата констатирани се 55 сообраќајни прекршоци, од кои шест за користење мобилен телефон при возење, четири за нерегистрирано возило, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.

-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, велат од МВР.

Слични содржини