Рама за средбата Курти-Вучиќ во Охрид: Да се надеваме дека договорот нема да биде уште една балканска измама

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама во врска со усогласувањето на Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово во Охрид, со посредство на ЕУ, изрази надеж дека нема да биде „уште една балканска измама“.

„Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една балканска измама! Во спротивно, ова би било историско достигнување што би ја навестило долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми балкански народи. И, искрено да им честитаме на четворицата протагонисти на охридската трпеза, посакувајќи наскоро договорот да се
претвори во нова неповратна реалност меѓу Косово и Србија, Албанците и Србите, Западен Балкан и Европската унија“, напиша Рама на Твитер.

Во спротивно, како што оценува, договорот би бил „историско достигнување што ќе ја најави долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми народи на Балканот“.

Слични содржини