Подгответе се за топло време: Температура до 21 степен

од Nikola Popovski
350 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, велат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата наутро ќе се движи од минус 3 до 4 степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 1 до 19 степени.

Пролетта на Северната хемисфера почнува денеска во 22 часот и 24 минути.

Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 16 часот и 57 минути, кога ќе започне летото.

Слични содржини