Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, кој на вчерашните претседателски избори освои 35,3 отсто од гласовите, изјави дека ова е уште еден транспарентен демократски процес и дека изборите поминале во мирна атмосфера. Ѓукановиќ навел дека е задоволен од нивото на поддршка.
„Сакаме да потврдиме дека Црна Гора секој ден е се поблиску до својата стратешка цел и дека е се поблиску до она што е крајната цел на политиката – квалитетот на животот во Црна Гора врз основа на квалитетот на граѓаните на Европската унија“, рече Ѓукановиќ.
Тој посочи дека во првиот круг го постигнале токму тоа што го планирале, над 120.000 гласови.
„Тоа го сметам за вреден резултат кој ме исполнува со задоволство“, додава Ѓукановиќ.
Тој истакна дека резултатите од овие избори потврдиле дека на Црна Гора ѝ се потребни парламентарни избори.
Тој им се заблагодари на сите граѓани кои го поддржаа и им честиташе на противниците. Наведе дека на него е да ја зачува и подобри предноста во следните 14 дена.
Тој јасно кажа дека очекува победа и дека секој кандидат кој ќе дојде е „послаб од него“.
„Нема противник кој го очекував или посакував. Кој и да дојде е послаб од мене. Подготвен сум да победам кој и да е противникот“, нагласи тој.