152
Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека премиерот Фумио Кишида денеска ќе ја посети Украина и ќе се сретне со претседателот Владимир Зеленски.
Јапонската телевизија NHK прикажа видео од премиерот Кишида како влегува во воз во полскиот град Пшемишл, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Украина.
Премиерот на Јапонија, земја членка на групата Г7, за време на оваа посета ќе изрази поддршка и солидарност со Украина, се додава во соопштението на министерството, пренесува „Ројтерс“.