НАТО лансира фонд од 1,1 милијарди долари за европски стартапи

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија.

Холандското Министерство за економија објави дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во јули, пренесе Ројтерс.

„Очекуваме дека лансирањето на овој фонд во Холандија ќе им олесни на иновативните холандски стартапи да го пронајдат својот пат до капиталот, преку стимулирање решенија и за социјалните и за воените проблеми“, се вели во соопштението.

Слични содржини