Објавена автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“ на македонски јазик

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“ излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Како што соопштија од издавачката куќа, во книгата, принцот Хари открива детали од неговото детство и длабокиот ефект од смртта на неговата мајка, Дијана, принцезата од Велс, како и неговите проблематични тинејџерски години и последователното распоредување во Авганистан со британската армија. Пишува за односот со неговиот брат, принцот Вилијам, и неговиот татко, кралот Чарлс Трети, и бракот на татко му со Камила Паркер Боулс, како и за неговото додворување и бракот со американската актерка Меган Маркл, сè до повлекување на двојката од нивната кралски улоги.

Книгата првично беше објавена на англиски јазик, на 10-ти јануари оваа година, во издание на „Пингвин рандом хаус“. Покрај печатената, има и 15-часовна аудиокнига, во која зборува самиот Хари.

Книгата „Резерва“ е достапна во сите поголеми книжарници во нашата земја и онлајн преку www.literatura.mk.

Слични содржини