137
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изрази поддршка за Меѓународниот кривичен суд (МКС) по неговата одлука да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.
Зборувајќи на прес-конференција во Северна Македонија, Бeрбок рече дека никој не е над законот, објави „Ројтерс“.
Минатата недела, предистражниот совет на МКС издаде налози за апсење на Путин и омбудсманот за деца Марија Лвова-Белова, а како што е соопштено, одлуката е донесена во рамките на истрагата за случајот за „незаконско депортирање на деца од делови на Украина окупирани од Русија“.