Во средбата од групата Ц на стартот од квалификациите за ЕУРО 20204, македонската репрезентација на домашен терен ја победи Малта со резултат 2:1. Сепак, нашите имаа многу мака на стадионот „Тоше Проески“.
Македонија дури во вториот дел ја „скрши“ Малта, и дојде до минимален триумф, и покрај проблемите кои ги имаше по првиот дел, кога избраниците на Благоја Милевски не упатија ниту еден прецизен удар.
Сите три гола паднаа во вториот дел – кај нашите прецизни беа Елиф Елмас (66. минута) и Дарко Чурлинов (72), а кај гостите Јаник Јанкам во 86-тата минута.
Селекторот Боби Милевски до крајот на натпреварот доби директен црвен картон на клупата, но домашните сепак ја сочуваа предноста.
Во другиот натпревар од истата група, Англија со Неапол ја победи Италија со 2-1, со головите на Рајс и Кејн.