167
Состојки:
– 4 свински шницли
– 1 лажица сенф
– 2 лажички сув билен зачин
– оригано, по желба
– масло за пржење
– сол
Подготовка:
Измијте ги шницлите, избришете ги со хартиена крпа.
Посипете ги со суви билни зачини и оригано од двете страни.
Само едната страна од месото добро истријте ја со сенф.
Загрејте тава, можете да користите и грил тава.
Печете ги шницлите на скара со страната со сенф нагоре.
Потоа печете и од таа страна. Околу две минути се доволни од секоја страна.
Намалете ја температурата, покријте ги шницлите со вода, покријте ја тавата до половина и динстајте полека околу 30 минути.
Кон крајот еднаш свртете ги шницлите за и горната страна малку да порумени.