Шницли во сос од нане и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Шницли во кремаст сос печени во рерна.

Состојки:

– 4 свински шницли

– 350 гр рендан кашкавал

– 250 мл павлака за готвење

– 1 коцка за супа

– малку коњак

– 250 мл бело вино

– 2 лажици путер

– 2 лажички нане

– сол, бибер

– магдонос

Подготовка:

Изудирајте ги шницлите со толчник за месо, ставете ги во сад и прелијте ги со коњак, па оставете ги во фрижидер до следниот ден. Ако ви се брза, чувајте ги во фрижидер најмалку три или четири часа.

Исушете ги шницлите со кујнска крпа, премачкајте ги со мешавина од сол и бибер и пржете ги на малку масло од двете страни. Префрлете ги шницлите во огноотпорен сад подмачкан со масло.

Растопете го путерот, а потоа додадете го виното и супата и динстајте на умерена температура околу пет минути.

Во виното додајте павлака за готвење, кашкавал, магдонос, нане и по потреба сол и бибер.

Со сосот од павлака и нане прелијте ги шницлите, па ставете ги во рерна да се крчкаат половина час на 180 степени.

Слични содржини