Возач на камион предизвикал сообраќајка и побегнал

од Milan1

На крстосницата за рудникот Сивец во Прилеп синоќа се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“, управувано од С.А. (23) од Прилеп, кој го напуштил местото на несреќата и мопед „џонвеј“, управуван од К.С. (18) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

– Во несреќата, К.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.

Слични содржини