Лукаревска: Aманетoт на Гоце Делчев е и за сегашните и за идните генерации

од Milan1

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска.

Слични содржини