157
Вчера бил регистриран пожар во помошната котлара во РЕК „Осломеј“, велат од МВР.
-На 23.03.2023 во 12.25 часот во полициското одделение во кичевското село Осломеј пријавено е дека во помошна котлара од електраната РЕК „Осломеј“ настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, информираат од полицијата.