123
Штом слушнавме, веднаш постапивме. Инспекциските служби се таму и чекаме исход. Веднаш потоа ќе бидете известени, изјави денеска новиот министер за здравство, Фатмир Меџити за случајот со шестгодишното девојче кое завчера почина на одделението за Интензивна нега при Битолската клиничка болница.
Тој информира дека биле во контакт со директорот на Битолската клиничка болница.
-Директорот е на пат кон Скопје. Со семејството на починатото девојче немавме контакт, но ќе разговараме, прво да видиме што е грешката. Го чекаме исходот од надлежните институции и веднаш ќе бидете известени како ќе постапиме понатаму, рече Меџити, одговарајќи на новинарско прашање.