Меџити откри зошто повеќе од една деценија не е изграден нов Клинички центар

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Фатмир Меџити откри зошто и после повеќе од една деценија немаме нов, модерен медицински Клинички центар, кој го ветуваа многу министри пред него.

-Затоа што немаме сериозни политичари, министри и сериозна Влада. Јас доаѓам од работничка фамилија и сум научен и воспитан за работам чесно и тоа што го заслужуваат граѓаните.  Јас кога дојдов на функцијата, не ветував дека ќе изградам Клинички центар, но работев макотрпно на оваа проблематика. Беа претставници од Британската влада и од компанијата која требаше да го гради. Тие беа и во Собрание со пратеничките групи и на седница на Влада. Го образложив проектот, кажа Меџити во емисијата „Трилинг“.

Слични содржини