122
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина сè уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за пролет, нагласувајќи дека на Киев му требаат муниција и борбени авиони.
„Сè уште не можеме да почнеме“, рече Зеленски во интервју за јапонскиот весник „Џомури“, пренесе „Униан“.
Тој призна дека ситуацијата во источна Украина е „лоша“, главно поради недостигот на муниција.