177
Ставот на Грција за прашањето за непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово останува ист и ги поддржува договорите на двете страни кои водат кон нормализација на односите, изјави претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, која денеска пристигнува во официјална посета на Белград.
Таа за весникот „Политика“ објасни дека Грција е верна на својата политика на Западен Балкан и следи прагматичен и конструктивен пристап во однос на Косово, која има за цел зајакнување на стабилноста и безбедноста.
Грчката претседателка посочи дека ваквиот пристап има за цел севкупен чекор кон ЕУ интеграција на целиот регион, што го оцени како стратешка цел.