По разорните земјотреси, 60.000 Сиријци се вратиле во својата земја

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека околу 60.000 Сиријци доброволно се вратиле во својата земја по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на почетокот на февруари.

Акар, заедно со началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, генерал Јашар Ѓулер, ги продолжува активностите во Хатај, една од најпогодените провинции од земјотресите на 6 февруари.

Тој ја посети и базата Кумлу. Ги демантираше обвинувањата за нелегално преминување на државната граница по земјотресот.

„Нашите граници се чуваат и надгледуваат дење и ноќе со најинтензивни мерки во историјата на Републиката, со најсовремени технолошки алатки и опрема. Ги преземаме сите мерки на претпазливост“, рече Акар.

Тој, исто така, ги негираше тврдењата дека по земјотресот имало „прилив на бегалци од Сирија во Турција“.

„Ова не е вистина. Направивме инспекции на граничната линија, разговаравме со цивилните и воените власти. Околу 60.000 Сиријци кои ги загубија своите роднини и домови по земјотресот, доброволно се вратија во својата земја. Никогаш нема да дозволиме илегално преминување преку границите, такво нешто не доаѓа во предвид“, рече Акар.

Слични содржини