Орландо Блум го посети Зеленски во Украина: „Ако го видиш, кажи му да победи“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Орландо Блум, познат британски актер и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски за да ја промовира хуманитарната работа на организацијата во Украина.

За време на средбата, Блум рече дека е „импресиониран“ од храброста и издржливоста на Украинците.

„Мајка ми ми рече: Ако го видиш Зеленски, кажи му да победи“, изјави Блум.

Зеленски ја поздрави работата на УНИЦЕФ, велејќи дека безбедноста и развојот на децата остануваат приоритет на неговата влада.

Блум за време на турнејата ги посети и Ирпињ и селото Демидив.

УНИЦЕФ работи на декларација за грижа за децата чии родители загинале во војната и инфраструктура за ран детски развој, младински проекти и стартапи.

Слични содржини