Перуанската полиција заплени 2,3 тони кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Перуанските власти објавија дека полицијата во земјата запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима, а вредноста на запленетата дрога е најмалку 20 милиони долари.

Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно претставен како керамички плочки, пренесува „Ројтерс“.

Кокаинот бил прикачен на гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во контејнер за транспорт.

„Обично внимаваме на пратките кои одат со бродови до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција“, додаде тој.

Слични содржини