Притисоци на дипломатско ниво секогаш има, но тоа не влијаеше на нашата позиција, имаме доследност во нашата политика, изјави денеска претседателката на Грција Катерини Сакеларопулу, додавајќи дека Атина го поздравува и поддржува Охридскиот договор кој го постигнаа Белград и Приштина за Анексот за спроведување на планот на ЕУ за нормализација.
„Целта е пристапување на Западен Балкан во Европската Унија и го поздравуваме напредокот во односите што е постигнат и во Брисел и во Охрид, особено Анексот“, рече таа на прес-конференцијата во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека е важно и корисно дијалогот да продолжи.