170
Повозрасен струмичанец се обидел да силува 20 години помлада жена, извести МВР.
Според информациите од полицијата, на 28.03 во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.
Полицијата ќе поднесе соодветен поднесок по целосно расветлување и документирање на случајот.