Брутален напад во Америка: Службеник на Сенатот избоден со нож

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Службеник на администрацијата вработен во Сенатот на САД бил пренесен во болница поради повреди здобиени во напад на маж кој излегол од федералниот затвор минатиот викенд, соопшти полицијата во Вашингтон.

Осомничениот Глин Нил (42) е уапсен под обвинение за напад со намера да ја убие жртвата, Филип Тод, службеник во американскиот Сенат, објави АП.

Федералното биро за поправки потврди за „Асошиејтед прес“ дека Нил бил ослободен од федералниот затвор во Мериленд во петокот поради „добро однесување“.

Инспекторите веруваат дека нападот бил случаен, а жртвата Филип Тод, кој работи во канцеларијата на републиканскиот сенатор Ренд Пол од Кентаки, потврдил дека никогаш порано не го видел својот напаѓач и дека Нил не кажал ништо и не побарал од него ништо пред да го прободе со нож.

Тод прецизирал дека Нил се појавил во моментот кога излегувал од ресторан во кој бил со пријател.

Слични содржини