Пендаровски: Прв ќе му честитам на оној што би испреговарал подобра преговарачка рамка со ЕУ

од Nikola Popovski
152 прегледи

Ние преземавме обврска и ја усвоивме европската преговарачка рамка. Ако некој може да испреговара подобра преговарачка рамка, ќе бидам првиот кој ќе му честита на тоа, но ги увервам да не се обидуваат да го прават тоа затоа што нема да има шанса повторно да се преговара за нешто кое е договорено со 27 земји-членки на ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со неговиот австриски колега, Александар Ван дер Белен.

Според него, оваа преговарачка рамка е договарана неколку месеци, а Франција е само посредник.

-Ако сите страни не се согласат со вашиот предлог, останува сегашната преговарачка рамка. Околу уставните измени, ако не се обезбедат две-третини, ќе бидеме повторно блокирани, но овој пат со сопствена одлука. Единствениот пат за да дојдете до двотретинско мнозинство е да разговарате со опозицијата и нивните политичари. Ако влеземе со искрена намера, верувам дека аргументите се на оние кои веруваат дека внесувањето на Бугарите е бенигна и на ниту еден начин не ја загрозува македонската независност, сувереност и европскиот пат, одговори Пендаровски.

Слични содржини