Украинскиот министер за одбрана откри кога ќе започне пролетната контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за телевизискиот канал ERR изјави дека Главниот штаб на украинските вооружени сили планира контраофанзива во неколку области на пролет.

За време на говорот за естонската телевизија, тој изјави дека е сигурен дека ќе продолжи со ослободувањето на привремено окупираните територии, како што беше направено во Киев, Чернихив, Сума, Харков, Херсон. Сето тоа ќе продолжи, додаде тој.

Смета дека оваа година светот ќе види „позитивни промени за Украина“.

На прашањето кога ќе се видат германските тенкови Леопард-2 на фронтот, Резников одговори дека најверојатно ќе бидат употребени во април и мај.

„Ќе ги видите во контранападот, според одлуката на нашиот Генералштаб. Веќе е планирано во неколку насоки. Зависи кога ќе биде најповолниот момент. Во пролетта, почвата е многу влажна“, рече Резников.

Резников за битката во Бахмут рече дека војниците на Украина значително го намалиле рускиот офанзивен потенцијал.

„Ова ќе им помогне на дефанзивците „да ја одржат стабилна линијата на фронтот и да дадат време да се подготват за контраофанзива. На руските сили им снемува муниција. Тие претрпеа големи загуби со многу мртви и ранети. Во просек секојдневно губат по најмалку петстотини војници“, заклучи Резников.

Слични содржини