Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска беше запрашан дали би се кандидирал за претседател на следните претседателски избори. Тој истакна дека е влезен во политиката со една цел – да им служи на граѓаните.
-Во било која функција сум за да им служам на граѓаните. Сметам дека професионалното одработување на функцијата што ви е дадена, е најбитна за граѓаните, а на каква функција ќе биде не е многу битно за луѓето кои што се одлучиле во доцни години да влезат во политиката, рече Битиќи, кој исто така одговори на прашањето како ги коментира наводите околу тоа дали би станал иден премиер.
Името на Битиќи во јавноста се спомнуваше по најавата за избор на прв премиер Албанец во Македонија. Вицепремиерот доби поддршка од поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски.