Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетен воен рок, кој започнува на 1 април и трае до 15 јули, а вклучува 147.000 лица.
„Спроведување на регрутирање на државјани на Руската Федерација на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резерва и кои ги исполнуваат условите за регрутирање, во периодот од 1 април до 15 јули 2023 година, на број од 147.000 лица“, се наведува во декретот, пренесе ТАСС.
Во текот на есента 2022 година, вкупно 120.000 лица беа повикани на воена служба во Русија, а минатата пролет беа регрутирани 134.500 луѓе.