Украински командант: Битката за Бахмут може да стане пресвртница на војната

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Командантот на една од украинските единици, полковник Евгениј Межевикин, оцени дека битката за Бахмут може да стане пресвртница во војната и дека Украина е во состојба да го задржи градот и да ги потисне руските трупи.

Межевикин верува дека ако Украинците успеат да ги зачуваат своите неодамнешни успеси, битката за Бахмут може да биде пресвртница во одбраната на Украина против Русија, не само поради запирање на руската офанзива, туку и поради подготовката на силен контранапад, пренесе „Украинска Правда“.

Според Межевикин, руските напади во Бахмут се забавени и избегната е непосредна закана од опкружување.

Тој додаде дека руските сили ги „исцрпиле сите свои резерви“.

Слични содржини