Нема поголема глупост од границите на Балканот, порача Ковачевски од Белград

од Nikola Popovski
170 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш ја поздрави иницијативата „Отворен Балкан“, во која што покрај Македонија, дел се и Србија и Албанија.

-Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние сме биле држави кои меѓусебе единствени немале граници, а сега сме единствени кои меѓусебе имаат граници. Ако излезете на север од овде на Хоргош, граници нема до Скандинавија. Ако сакате да одите на Балканот, на секои 100 километри имате граници. Ако некои проекти не ги сакам, тоа е унапредување на граничка контрола. Западниот балкан го замислувам без граници, интегриран во ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Тој додаде дека „границите кои се во моментов меѓу земји кои се пријателски и имаат бесцарински режим меѓу себе се извор на корупција и ништо друго“.

Слични содржини