Кај турски државјанин на ГП „Табановце“ пронајдени непријавени 31 000 евра

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Непријавени 31 000 евра се пронајдени вчера при преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки на граничниот премин „Табановце“.

Како што информира МВР, преглед на возилото управувано од Ј.О. (60) од Република Турција, извршиле полициски службеници од Полициска станица Табановце. При прегледот тие ги пронашле и одзеле парите.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Слични содржини