Над велешко езеро Младост засадени две илјади багремови дрвца

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Сојуз на здруженија на Акцијаши волонтери на Македонија, Здружение на граѓани Акцијаш Ветерани – Велес, Ротари клуб „Велес“, Лајонс клуб – Велес, Општинскиот Црвен крст Велес и Општина Велес заеднички организираа акција за пошумување над езерото Младост, каде заедно засадија две илјади багремови дрвца на локација која пред три ипол години беше опожарена во големиот шумски пожар.

Борче Георгиевски, претседател на Сојузот на здруженијата на Акцијаши волонтери на Македонија, во изјавата за медиумите потенцира дека акцијата е прилог кон животната средина за нејзина ревитализација на површини кои беа опожарени.

-Нашата цел е пошумување и зачувување на животната средина како крајна вредност кон еколошкото богатство на Велес,потенцира Георгиевски.

Тој информира дека во денешната акција се приклучиле и здруженија на акцијаши ветерани од Битола, Куманово, Скопје, Штип, Крива Паланка и Гостивар.

Кон акцијата се приклучи и засадуваше дрвца и градоначалникот Марко Колев и други директори и службеници од јавните претпријатија од градот.

Со акцијата воедно беше одбележан 1 Април –денот на доброволното младинско ангажирање што се одбележуваше на просторот на бивша Југославија.

Истото е сеќавање на 1 април 1947 година кога преку првата младинска работна акција започнала изградбата на пругата Шамац-Сараево.

Слични содржини