🎥Бред Пит изгледа помладо од кога и да е: Дали се тоа само добри гени или неговата добро чувана тајна е откриена?

од Vladimir Zorba

Дали Бред Пит страда од истата состојба како Бенџамин Батон? Да потсетиме, Бенџамин Батон е роден како старец кој со годините изгледаше сè помладо и помладо… Бред Пит не е роден како старец, но со годините навистина изгледа како полека да се враќа на младоста. И додека многу холивудски дами ги прифатија брчките и стареењето, дали е можно Бред Пит сè уште да се плаши од истото?

Сите негови обожаватели забележаа дека Бред Пит изгледа помладо, но и корисниците на социјалните мрежи кои често со лупа ги следат познатите личности и секој нивни нов потег.

Последните фотографии од Бред Пит додека го снима својот нов филм на Флорида го запрашаа светот како е можно да изгледате толку младешки во 60-тите години, а еден лекар на Инстаграм ја откри тајната на Пит, приложувајќи ги фотографиите како доказ.

Според неговото стручно мислење, тајната е во популарниот фејслифтинг.

Познатиот лекар на Инстаграм и сопственик на приватна клиника верува дека Бред тајно се оперирал, а операцијата може да чини повеќе од 100.000 фунти.

„Пред четири години во 2020 година, можете да видите дека покажува нормални знаци на стареење. Длабоки статични брчки, губење на волуменот околу очите и централниот дел на лицето и малку опуштена кожа на долниот дел од лицето“, започнал докторот коментирајќи ја фотографијата на Пит од Оскарите.

„Минатата година на Вимблдон беше забележана неговата трансформација. Погледнете ја промената на неговото лице и како изгледа помладо кога ќе го видите од страна во профилот. Можете да видите дека промената на контурата на долниот дел на лицето е навистина импресивна и можете да забележите дека е поврзана со фејслифтингот гледајќи ја оваа лузна“, објасни тој во објавата на Инстаграм.

„Тој речиси се врати во времето како изгледаше неговото лице во раните 2000-ти, што е исто така иронично бидејќи го глумеше Бенџамин Батон. Помеѓу овие фотографии има три години разлика и јасно се гледаат промените околу средишниот и долниот дел на лицето. Мислам дека изгледа сериозно добро за оваа трансформација, тоа е одличен пример за добро направена операција“, заклучи американскиот лекар.

Пит претходно откри дека се грижи за своето лице, кое го прифатил од неговата поранешна девојка Гвинет Палтроу, која го научи по нешто за нега на кожата. Сепак, дали овој 60-годишник подлегнал на притисокот на јавноста или се обидел навидум да се приближи до возраста на својата 32-годишна девојка Инес Де Рамон?

Ако е така, дали неговиот колега Ди Каприо наскоро ќе го посети својот хирург?

Слични содржини