Ковачевски со порака по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, преку својот фејсбук профил, испрати порака по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, 2 Април.

-Сите ние сме различни. Се разликуваме по боја на очи, висина, пол. Се разликуваме по карактер, вештини, стравови, омилени нешта. И на случувањата околу нас секој може да гледа различно. Денеска, на 2 април, Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, испраќам порака за почитување на правата и способностите на секој поединец и избегнување на дискриминација, етикетирање и стигматизација, наведува Ковачевски.

Тој истакнува и дека Влада што ја предводи, посветено работи на системски промени за социјална инклузија и прифаќање на различноста.

Слични содржини