173
Во воведното излагање на обвинителството на судењето на четворицата поранешни водачи на ОВК, пред Специјализираните совети на Косово во Хаг, било наведено дека и покрај доказите кои обвинителството ги има против обвинетите, постои можност сведоците во овој случај да не сведочат поради страв или лојалност кон обвинетите.
На судењето на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, специјалниот обвинител Алекс Вајтинг рече дека тој судски спор е поврзан само со злосторствата кои ги извршиле четворицата обвинети, а тешкотија за самиот процес е стравот кој сведоците ќе го имаат во текот на судскиот процес.
Како што рече, стравот или лојалноста не можат да спречат праведен исход во таа судска постапка.