160
Млад бугарски државјанин, кој работел во Скопје како градежен работник, пријавил во полиција дека бил натепан од газдата, извести МВР.
Во раните утрински часови, точно во 01.30 часот, И.Т. (26) од Бугарија, кој престојува во Скопје, го пријавил физичкиот напад што му се случил на 02.04.2023 околу 18.30 часот во регионот на Аеродром.
Според неговата пријава, нападот го извршил Б.С., кај кого работел како градежен работник и му должел пари.
Полициските службеници веднаш по примањето на пријавата, започнале со преземање на мерки за расчистување на случајот, за да се пронајде и казни наводниот напаѓач.