160
Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени, од кои многумина потешко, кога патнички воз со околу 50 патници излета од шините рано утринава во Холандија откако удрил во градежен кран на пругата, соопшти холандската служба за итни случаи.
Спасувачките екипи се на местото на несреќата во Воршотен, село во близина на Хаг, соопштија холандските власти, пренесува „Ројтерс“.
Од пожарната и итната помош за холандското радио изјавиле дека 19 лица се пренесени во болница, а на останатите им била укажана помош на лице место.